Рама го испофали Заев : Aлбанците се благодарни што создадовте хармонија меѓу Aлбанците и Mакедонците

0
1408

Oдносите на Албанија со Р. С. Македонија се одлични. Оваа оценка ја изнесе албанскиот премиер Еди Рама по средбата со неговиот гостин македонскиот премиер Зоран Заев.

 – Албанците се благодарни што отворивте патишта на хармонија која недостигаше досега во вашата земја помеѓу Македонците и Албанците. Седницата на Собранието каде сега се зборува и албански беше историски момент и една причина повеке за ние да продолжеме да бидеме промотори на идејата за интеграција и стабилност на Северна Македонија, бидејки тоа е и во наш стратешки интерес – истакна албанскиот премиер Еди Рама.

Многу ми е мило што имаме согласност за основање на една заедничка економска зона, со што фактички финализираме еден комплициран проект кој е неоходен, рече Рама во врска со билатералната економска соработка и додаде дека Албанија веќе има започнато еден проект со Косово во таа насока и сега сакаме тој проект да продолжи и регионално со северна Македонија и Црна гора за економски развој на регионот .