Рамадани: Нападите врз мене се комплимент…како и прекарот „Змија“ под кој сум бил следен

0
1109

Рамадан Рамадани за Телеграф (Косово) зборувајќи во врска со нападите кон него вели дека и ова е продолжеток на една спорадична кампања која режимот ја прави сиве овие години кон тие кои не и се во линија.

ramadanramadani

– Овие денови се зголемува интензитетот и разноликоста на овие напади заради тоа што овие се на залез на искористување на можностите кои ги имале во владеење сиве овие години функционирајќи во тројката; тајни служби-медиуми и политика. Во мојот случај нападот е бесмислен зошто не сум политичка страна и преставува само комплимент, како во случајот кога се објави дека сум бил следен под прекар „змија“ иако сум само еден редовен колумнист во еден неделен весник во Македонија – изјави Рамадани заTelegrafi.com Косово