РАКОМЕТНАТА ЛЕГЕНДА НАУМЧЕ МОЈСОСКИ ИМА ГОЛЕМО СРЦЕ, ГИ ПОВИКА СИТЕ СПОРТИСТИ ДА ДОНИРААТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРОНА КРИЗАТА ВО ЗЕМЈАВА

0
1121

Поранешниот македонски репрезентативец во ракомет и член на комисијата за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски објави видео во кое повика на солидарност и хуманост и информира дека се приклучува на иницијативата #Спортистипротивкоронавирусот.

“Борбата за здравјето е најважниот предизвик, најважната укакмица во нашите кариери.

Заедно сме победиле многу натпревари, заедно сме добиле многу тешки битки, заедно ќе ја добиеме и битката со корона вирусот.

Активно се приклучувам на иницијативата #Спортистипротивкоронавирусот.

Отворивме наменска сметка за донации:

Жиро сметка : 240577112287787 – Уни Банка

Собраните средства ќе бидат донирани за обезбедување на заштитини маски и опрема на здравствените работници кои се во првиот одбранбен ред и обезбедување на средства за дезинфекција и хигиена за социјално најзагрозените лица.

Да покажеме солидарност и хуманост.

Оваа утакмица ја играме за сите наши граѓани, за самите нас, за нашите семејства, за нашите деца.

Затоа колеги спортисти да покажеме што значи тимска игра и заедно да донираме, да помогнеме.

Сме победувале многу тешки противници, ќе го победиме и корона вирусот.

Нападот на корона вирусот не може да ја победи нашата одбрана, одбрана на солидарност, заедништво, несебичност и хуманост.

Заедно ќе го победиме корона вирусот, затоа што само заедно МОЖЕМЕ”, вели Мојсовски.