Ракометарот Јоновски обезбеди цел камион училишна опрема за родната Струга

0
3117

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец – Ацо Јоновски, кој сега настапува како тренер-играч во германскиот нисколигаш Ратинген, не заборава од каде доаѓа. Тој се приклучи во кампањата за помош за училиштето „Јосип Броз Тито“ во неговата родна Струга, и во соработка со невладината „Gesellschaft für Schule, Sport und Soziales mbH“, како и луѓето во Ратинген и шпедицијата Ратингер Мулти Транспорт, обезбеди донација од еден камион училишна опрема, објави „РакометМк”

Акцијата започнала пред неколку недели, а биле собрани многу полици, клупи, столчиња, ормари, играчки и друга опрема. Јоновски најави и дека ќе следуваат уште вакви акции, а порача и да не се политизира настанот, бидејќи се работи исклучиво за хуманитарен проект.

Повеќе за оваа објава ОВДЕ