РАЗМИСЛУВАЊА ВО ВРСКА СО АКТУЕЛНАТА ПОЛИТИЧКА СЕТУАЦИЈА

0
1176

Сведоци сме на ЕКСТРЕМНО ретка политичка сетуација во светски размери (особено во поново време).Јас,бев еден навистина подолг

временски период (презирајќи ја дневната политика) политички отсутен,но ова што се случува целава оваа година (од почетокот на објавувањето на бомбите па навака),е во НАЈБЛАГА форма речено (и без навреда до Ромите) ЦИГАНСКА РАБОТА.

zoran-jovanovski1

Опозицијата објавува прислушкувани разговори за злоупотреба на власта (и тоа трае до сега 5 месеци),а овој СТОИЧКИ па дури и СТОЕЧКИ ги издржува и вели дека се “монтирани,сечени,лепени,прелепувани,а во исто време ги смени неговите тројца најблиски соработници.Па како му дозволува ДОСТОИНСТВОТО (негово) но и на Мијалков,Јанкуловска и Јанакиевски да си поднесат оставки базирани на КРЕИРАНИ,СЕЧЕНИ,ЛЕПЕНИ,па уште и ПРЕЛЕПУВАНИ аудио материјали.Не сомнено е дека првите неколку бомби (судам по количеството белило/пудра на неговото лице) јако го раздрмаа,па на првата пресконференција по основ на бомбите беше без малку “неподвижен„но сега свикна,му се врати бојата на лицето и повторно е гибок и подвижен.Зошто беше толку вознемирен премиерот за ФАЛЦ материјали ? Нејсе,еве да речеме дека ќе остане на власт,но како ја,како граѓанин да ги почитувам и легитимирам иституциите на чие чело е ТОЈ.

МАЛЦЕ МОРГЕН !

Се сеќавате ли кога Гуруевски инсистираше на ИНСТИТУЦИОНАЛНА РАЗРЕШНИЦА.Јас тоа го восприемав како повик “Ајде да правиме     институционална разрешница во која што јас контролирам се.Има ли тој предвид дека не се обраќа на деца,ами на возрасни луѓе,а дел од тие луѓе се згора на се интелектуалци.Се сеќавата ли како во изминатиов период по митинзи буквално го “ЅВЕКНУВАЛ„ на цел глас тој збор “ОДГОВОРНО„.Тоа го чинеше сите овие години постојано.Јас имам впечаток дека овој збор му беше нај омилениот.Се сеќавате ли на подлите методи на оваа власт на КОМПЛЕТНА МЕДИУМСКА ДИСКРЕДИТАЦИЈА на луѓето кој не размислуваат како нив,со помош на ТВ пропагандната машинерија финансирана од нашите даноци.Гледате ли како се однесуваат МТВ,СИТЕЛ,КАНАЛ 5 и АЛФА кој по мене преставуваат (сметам по популарност) 90% од Македонскиот ТВ медиумски простор (телма беше програмски слаба (и сега е),а Алсат не помнам како се однесуваше пред бомбите на Заев) Како да се коментираат тие нивни методи и тој нивен политички пристап.Македонската нација е “СТАРА НАЦИЈА„ а по возрасните граѓани па дури добар дел од популацијата над 40 години нема некоја интернет култура,каде што еден објект може да се види ТРОДИМЕНЗИОНАЛНО,а овие го знаат тоа,го користат и се повикуваат на ПОДДРШАК ОД ГРАЃАНИТЕ.Подджка од граѓаните,поддршка од граѓаните …

Ако си навистина сигурен во поддршката од граѓаните господине Груевски тогаш не треба да се грижиш за тоа кој ќе ги организира изборите и влези еднаш на избори без ПОЛ ПОЗИЦИЈА со медиуми и пропаганда.Не тепај и не заплашувај новинари и не затварај критички настроените медиуми.Остави ги и тие да кажат нешто во предизборната кампања.Не нарачувај шамари за опозициски политичари и не ги затварај така лесно.Не ги застрашувај граѓаните и вработените кај тебе и не го силувај приваниот сектор.И тогаш ќе видиш каква е твојата поддршка.Но не си ти ФЕР ИГРАЧ и никогаш нема да го сториш тоа.Токму тоа е причината што ги сметам за логични и оправдани максимилистичките барања на опозицијата.Затоа што си ПРЕСТАПНИК НА ЗАКОНИТЕ И ОВЛАСТУВАЊАТА кој што нема СРАМ.И затоа мора така да се постапува со тебе.

Се наоѓаме во нетипично тешка политичка сетуација,но како не очекуван ПОЗИТИВЕН њуз продукт,ни се случија како никогаш до сега РЕЛАКСИРАНИТЕ меѓуетнички односи,a Албанците покажаа дека не се за разно разни налудничави проекти за поделби.СМРТНО сум заинтересиран за бомбата за случајот “монструм„,но исто така СМРТНО сум заинтересиран за конечната разврска на едно дневната војна во Кумановската “Дива Населба„.Имено информативната програма на АЛСАТ М на македонски на големо објавува информации за можна вмешаност на владата во оваа КАТАСТРОФА за одвлекување на вниманието од до тогаш (а бога ми и сега) актуелната тема.Вистинска катастрофа ќе биде и “СМАК СВЕТА„ ако се испостави дека случајот “Дива Населба„ во Куманово излезе дека е поттикнуван па дури и исцениран од самата власт.Тогаш кинењето глави ќе биде неопходно дури и во буквална смисла на зборот.Каде што власта ги жртвува полицајците кој што така ревносно ги бранат.Но да почекаме,да не брзаме бидејќи нема потреба.Бидејќи секоја вистина (особено ваква) порано или подоцна излегува на виделина.Едноставно животното искуство ме уверува во тоа.

Но добро,после сето ова и после сите настани кои се случија во 2015,како котира Груевски и неговите и кој е неговиот рејтинг ? Во недостиг на релевантна анкета,ја би истакнал една навидум банална случка во едно Американско училиште по Англиски јазик,кое организира кафе конверзации.Бевме група од 8 луѓе а професорот (Американец) не запраша (сосема случајно) кој од овде присутните смета дека Груевски Е КРИВ.Без размислување и веднаш,дигнавме рака ЧЕТВОРИЦА.Потоа не запраша кој од овде смета дека Груевски НЕ Е КРИВ.Не дигна рака НИКОЈ ! (Еден од овие четворица кој не дигнаа рака беше странец) За мене ова говори многу,иако формулацијата на прашањето не беше кој е за,а кој против Груевски,а мислам дека оваа формулација (вторава) е помалку битна.Низ овој пример,односно оваа случајно избрана група (не бевме собрани во партија нити во невладина) која ја претставуваше буквално Македонија во мало,а имајќи ја во обзир теоријата на случајно избран   примерок може да се закључи многу.Може да се закључи како Македонија реагира,после соголуваљето на ЦАРОТ.Овие четворица кој не се изјаснија никако (од кој тројца Македонци) или се плашеа или се тотално АУТ и аполитични или КРКААТ од Груевски но се срамеа да дигнат рака дека не е крив.

Би се осврнал исто така и на прашањето како оваа владеачка структура едноставно обстанува на власт.Покрај веќе споменатите ставки како во оваа,така и во претходните колумни (околу медиумите,партиските вработувања,заканите,условувањата,застрашувањето,како и друго не етичко поведение содржано во бомбите) би ја истакнал и ставката на високата организираност и СУБОРДИНАЦИЈА.Сите се субординирани под него и слушаат.Сите дваесетина години помлади од него,никој не индивидуизиран (пред се во општо филозофска смисла на зборот),сите се борат нешто да стекнат во животот на материјална база и никој не смее да зуцне.Но веројатно се така одбрани да и не се спсобни и немаат капацитет да зуцнат.Пратениците со однапред подпишани оставки,како и другите ешалони,го гледаат ПРЕМИЕРОТ од ЖАБЈА ПЕРСПЕКТИВА.Па сетете се само на укажувањата на пратениците од опозицијата во раната фаза од владеењето на оваа гарнитура,кога укажуваа дека во собраниските кулуари пратениците на ДПМНЕ го нарекувале Груевски,ФИРЕР.

Груевски гарант се водел по логиката,дека Италија ја имаше својата РЕНЕСАНСА,Германија својата РЕФОРМАЦИЈА,а Македонија го има НЕГО ! И кој знае до каде сето ова ќе одеше да не беа БОМБИТЕ НА ЗАЕВ и храброста на опозицијата за целиот овој проект наречен ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА. Убаво вика Хобс,државата е проблематична,но каква и да е,е подобра од природната состојба.Јас би додал дека,кога веќе мораме да живееме во државна заедница и кога веќе мораме да избереме власт и кога е веќе 100 пати потврдено дека формално правните механизми за заштита од злоупотреба на власта се покажуваат како не ефикасни,нужно е битно да се обрати внимание на КАДРОВСКИТЕ РЕШЕНИЈА.Одсекогаш сум сметал дека не е толку битно општественото уредување колку што е битно кој се луѓето што владеат.Односно ПЕРСОНАЛНИТЕ РЕШЕНИЈА.

(Оваа моја колумна може слободно да ја објави,без кратење и во целост било кој медиум)

Зоран Јованоски