РАЗМИСЛУВАЊА ВО ВРСКА СО АКТУЕЛНАТА ПОЛИТИЧКА СИТУАЦИЈА (дел 2)

0
1089

(Институционално Мангупство) …

Секоја сила порано или покасно се соборува. Секоја голема моќ порано или покасно паѓа, а она што останува меѓу луѓето се меѓучовечките односи. Нешто ми вели дека на Груевски токму му одговараат тешки поделби внатре во Македонскиот етникум, но и на релација Македонци, Албанци. Но и внатре во Албанскиот етникум во РМ. Во тој случај кога се граѓаните поделени на четири (но и повеќе земајќи ги в предвид и другите етнички заедници) и така живеејќи во паралелни светови тој ќе може со една малцинска група, потпомогнат од методите на владеење слушнати во објавените прислушкувани разговори како и ТВ (и останатата пропаганда) да се повикува на поддршка од граѓаните.

zoran-jovanovski1

Намерно велам поддршка од граѓаните а не “Да остане на власт„ од причина што (поради досега слушнатото од т.н Бомбите на Заев) каква ли ќе биде таа предизборна кампања каде што господинот Груевски повторно ќе вика на сиот глас (малтене издерува) ОДГОВОРНО, ЧЕСНО, СОВЕСНО, кои ли ќе бидат тие луѓе кои ќе стојат со него по митинзи и кои ли ќе бидат тие граѓани кој ќе гласаат за него на тие избори?

Каква ли ќе биде таа евентуална нова влада составена од старо нови луѓе, односно КАКВА ЛИ ЌЕ БИДЕ ТАА (бедна и засрамувачка) ВЛАСТ ?

Не е тоа подносливо !

Но што е подносливо и како против овој РЕЖИМ, заснован на ПАРИ, ПРОПАГАНДА, ЗАПЛАШУВАЊЕ и ИНСТИТУЦИОНАЛНО МАНГУПСТВО ?

Има тенденции и струи во политичката теорија дека секоја револуција е пораз за СИТЕ. Тоа е дефинитивно теза која што може да се брани. Но без револуција нашата држава станува ЛЕВИЈАТАН во митско Хобсовска смисла на зборот (држава во која не се управува етички, која се одродила од својата суштина (по општествениот договор) која се отуѓува од народот) и ова е теза која исто така не само што може да се брани, туку не мора ниту да се докажува, поради ФЛАГРАНТНОСТА.

Како да се исклучи секаква радикализација и целата политичка криза да добие институционална разрешница, кога на република Македонија и се случува уште еден феномен наречен “ИНСТИТУЦИОНАЛНО МАНГУПСТВО„. На која институција и да тропнеш имаш ПОЛТРОН ФИГУРА, најчесто катастрофално кадровско решение, поставено партиски за да се прави МУТАВ и врши функција на заштита на “ПАТРИОТИТЕ„ и “ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ДРИБЛЕР„ и така да ја “спасуваат„ Македонија од “предавниците„.

Како треба да се однесуваат слободарските граѓани со подржувачите на Груевски? Јас би ги нарекол (а сметам дека треба да се востанови ова како израз) Груевисти/Лојалисти, a не ВМРО-вци од причина што од АВИОН се гледа дека тука повеќе не станува збор за  патриотизам, идеологија и принципи, ами за послушност од интерес и вработување во таа ПУСТА државна администрација која што идеа (за жал) стана “Спиритус Мовенс„ на нашето општество.

Тешко на таа држава во кој еден објективен интелектуалец, само објективно ќе анализира, а ќе изнакаже олку ГРДИ квалификации. За жал ова е само СУРОВАТА РЕАЛНОСТ во една држава со која што владее една власт која што очигледно не прави разлика што е ФИЛМ, што е СОН, а што ЈАВЕ.

Со поддржувачите на Груевски ние НУЖНО мора да имаме БРАТСКИ однос. Затоа што сме Македонци. Затоа што сме едно! Секакво СИЛУВАЊЕ на работите ги правиме само покохерентни. Тоа се само збунети и затекнати граѓани од БОМБИТЕ на Заев. Граѓани кој што сакаат само економска стабилност, мир и институции. Граѓани на кој во изминатиов период им се нудеше концепт на партиска послушност па вработување, односно не закачање и подрршка на приватните бизниси. На симпатизерите на Груевски би им порачал дека не чека само подобра Македонија без Груевски и нема да има никакви реваншизми, освен објективна примена на легислативата за луѓето кој што се огрешиле пред законите.    Изјавата на Заев “Ќе јадеме живи луѓе„ беше одамна, како и (претпоставувам) кажана во афект, а евентуално може да се однесува само на нај БЕЗ ОБРАЗНИТЕ режимски војници и никако до чесните македонски граѓани поддржувачи на ЛАЖНО чесниот премиер.

Држава во која што ќе владеат објективни критериуми при пристапноста до СЕ, а партиската книшка ќе биде безвредна во многу општествени аспекти.

Но лесно е да се теоретизира и размислува, а тешко е да се даде решение !

Има ли излез,  и каде истиот се наоѓа ?

Во институциите (овие и вакви) на системот? Да секако но само во иронична смисла на зборот. На предвремени парламентарни избори ? Апсолутно да, но какви? Зошто Груевски се плаши од тоа кој ќе ги организира изборите ако е длабоко уверен во широката поддршка од граѓаните? Зошто опозицијата на ГОЛЕМО кука за прочистување на избирачкиот список? Па толку ли е тешко технички да се изведе таа операција? Или има друг проблем?

Никако не би смеела опозицијата уште еднаш да се ОБРУКА и да се фати на било каково орце со оваа власт, под (НЕ ФЕР) услови која ги диктира истата. Евидентно е дека на оваа владеачка гарнитура не и доаѓа памет, нема намера да си оди, а квалификаторен елемент тука е патот кој треба да го фати истата, по заминвањето од власта. Тоа ја отежнува целата сетуација како и ФАНАТИЧНОСТА, ЗАБЕГАНОСТА и ИЗГУБЕЊЕТО КОНТАКТ со реалноста на поединци од самиот ВРВ на истата.

По мене излез од целава криза, а без капка крв е само странскиот фактор, како и максималното колку што е тоа можно игнорирање на институциите, кој се корумпирани инструирани и пристрасни а јас нај искрено повеќе не ги чуствувам за свои ами за туѓи/тирански.

Исто така ќе мора да биде засилен факторот УЛИЦА односно секојдневни масовни протести.

И за крај би сакал да изразам задоволство од Германската канцеларка Меркел, која ја заобиколи Македонија на нејзината балканска турнеа

и со тоа им прати јасна порака на властите овде дека не ги легитимира како легитимна власт, а исто така би сакал да изразам задоволство и од одлуката на опозицискиот лидер Зоран Заев да не се појавува (доброволно) на рочиштата во постапките кој се водат против него од ваковиот и овој “наш„ македонски правосуден систем.

Пишува : Зоран Јовановски