Радувај се, Македонијо: Фудбалерите ќе играат на ЕП 2021!

0
921

Деценискиот сон е остварен, Македонија ќе игра на Европското првенство догодина, после вечерашната историска победа за пласман на континенталниот шампионат во Тбилиси со 1-0 против Грузија во финалниот бараж од Д-дивизијата во Лигата на нации.

Сонот на многу генерации го оствари најискусниот и лидерот на оваа генерација Горан Пандев, со неговиот гол во 56-та минута од мечот, после страшната акција со Елиф Елмас и Илија Несторовски, по што Грузијците беа нокаутирани и не се кренаа од негативата, па Македонија со тој еден момент стигна до толку посакуваната победа и радост.