РАДМИЛА ЈА ИМА СЕКАДЕ, ОД СРЕДБИ ВО ВАШИНГТОН ДО СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ НА РАДОВИШ : Шеќеринска – Евроинтеграциите ќе ги задржат нашите деца дома, Стево ќе води кон подобра иднина за младите

0
1399

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска беше во посета на Радовиш. На средбите со граѓаните шекеринска ги потенцираше најголемите придобивки од интеграциите, истакнувајќи ја најважната да ги задржиме младите дома, да им обезбедиме сигруна индина.

“Тоа што го постигнавме како Влада и ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО има историски огромна важност бидејќи само по тој пат можеме да ја зајакнеме економијата, да продолжиме да ги покачуваме платите, да бидеме стимул младите да останат дома. Само со европска иднина, со инвестиции, со повисок животен стандард ќе бидеме причина младите да работат и останат тука, кај своите семејства” – изјави Шеќеринска.

Потпретседателката Шекеринска посочи дека овие избори се исклучително важни бидејќи само со вистински претседател, со Стево, државата може да продолжи по вистинскиот пат.