Радмила Шекеринска на средба со граѓаните на Охрид

0
924

Планот за живот на опозициската партија СДСМ предвидува создавање услови за младите од целата држава да останат во татковината, нивно вработување, тука да создаваат семејство и тука да ги најдат шансите за успех. Тоа денеска од Охрид го порача Радмила Шекеринска, носител на листата на СДСМ за престојните избори во петтата изборна единица.

– Охрид се празни, младите заминуваат затоа што тука не гледаат шанса за пристоен живот. Оттаму овој проблем е приоритет за нашата партија, рече таа притоа појаснувајќи дека нивната програма предвидува 140 милиони евра поддршка за домашните компании.

Таа додаде дека за домашните мали и средни претпријатија нивната програма предвидува кредит во износ од 15 илјади евра со каматна стапка од само еден процент, потоа неповратни десет илјади евра за секоја добра бизнис-идеја, што на почеток би ја реализирале во неколкуте планирани старт-ап центри низ земјата каде новите стопанственици би биле ослободени од надоместоци за простор, комуналии, каде и би добиле соодветна бесплатна стручна поддршка.