Раде Шербеџија и семејството на Субрата Рој на Избирачкиот список

0
1110

Хрватскиот глумец Раде Шербеџија, семејството на индискиот инвеститор Субрата Рој, Сушанта и Свапна Рој, кои добија македонско државјанство се дел од звучните имиња кои се најдоа на списокот за теренска проверка кој го објави ДИК, јави НОВА.

На списокот се наоѓа и Артан Груби, шефот на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, новинарката на Сител Ивона Талевска, екс пратеникот Јани Макрадули, тренерот на „Металург“, Лино Червар, новинарите Ерол Ризаов и Ивица Челиковиќ, дописник на МРТВ кој живее во Шведска.

Предмет на теренска обработка се 89 илјади граѓани од 80 општини.