Работници од Босна му купиле автомобил на свој колега: „Тој секогаш се мачи да стигне на работа”

0
1622

Вработени во компанијата Турија од Бихаќ, БиХ, го изненадија својот колега Сеад Хоџиќ и му поклонија автомобил Фиат Пунто.

Сопственикот на фирмата, Мухамед Селимовиќ, откри дека неговите работници спонтано дошле до оваа идеја и дека сите донирале пари за овој великодушен подарок.

-Сеад се вработи пред една година и тој навистина е вредно и златно момче. Пред еден месец го положи возачкиот испит, но проблемот е во тоа што нема автомобил и постојано се мачи да дојде на работа бидејќи не живее толку блиску, изјави Селимовиќ.

Тој додаде дека Сеад доаѓа од големо семејство со понизок животен стандард и дека неговата плата им е единствениот извор на приход.

-Да, автомобилот навистина е половен, но е во многу добра состојба и се надевам дека долго време ќе го служи, заклучи Селимовиќ.

Сеада Хоџиќ беше изненаден од овој гест на неговите колеги.

-Кога дојдов на работа, ме дочека целиот колектив и на почетокот не знаев за што станува збор. Морав да одам со затворени очи и кога ги отворив, имав што да видам. Ова е најдобриот новогодишен подарок што можев да го добијам, па дури беше врзан и со црвена панделка, вели тој.