ПЦЕР: СЈО може да ја реши кризата

0
1156

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) реагира на, како што вели, хаотична состојба во државата и одлагањето на дијалог и решавање на политичката криза.

„Сметаме дека само Специјалното јавно обвинителство може да го реши овој проблем, да каже кои се обвинети и зошто. Со ваквото образложение ќе се разјаснат многу работи и тие што се обвинети да си заминат од политичката сцена и да остават да функционира државата. Секој изгубен ден е драгоцен за опстанокот на државата. Како политички субјект сметаме дека само оваа институција може да ги врати украдените пари и да докаже дека сите досегашни избори се лажирани. Посебно очекуваме од СЈО да ја изнесе вистината за Шуто Оризари, како и на кој начин се гласало и уште еднаш го повикуваме СЈО да ги земе избирачките списоци од последните избори во 2014 и 2011 и да направи споредба со вистинскиот избирачки список. Сметаме со ваквиот пристап еднаш за секогаш ќе се стави крај на лажирањата што ги прави Амди Бајрам со неговата партија“, се наведува во реакцијата на ПЦЕР.