Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) во целост го поддржува предлогот за ревизија на судските предмети кои се политички осудени, без докази.
– Нашата партија ќе го надополни предлогот да се направи ревизија и на стопанските предмети кои се донесени по партиски наредби и тие судии кои донеле нечесни пресуди да си заминат од функцијата и најмалку 5 години да немаат право да се бават со правни работи, односно да бидат адвокати, затоа што сите судии кои се избркани или фатени со мито и корупција, денес се адвокати – вели лдиерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.
Партијата ќе бара после избори да се распушти Републичкиот судски совет и да се изберат нови членови чесни и одговорни судии.