ПЦЕР: ДИК да ги избрише умрените од Шуто Оризари од Избирачкиот список

0
857

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) бара ДИК да ги избрише умрените од избирачкиот список во Шуто Оризари.

„Се додека ДИК не ги избрише умрените избори не може да има затоа што ние знаеме и имаме списоци на умрени од Шуто Оризари и знаеме дека тие се во избирачкиот список“ , наведува ПЦЕР во соопштението.

Од партијата тврдат и дека ќе следат кривични пријави за членовите на ДИК, ако не преземе ништо во врска со тоа.

„Секој што ќе го попречи тоа или гласа спротивно на она што е реално, ќе добие кривична пријава. Од тоа нема нема бегање ние ќе одиме до крај се додека не се избришат умрените од Избирачкиот список“, се вели во соопштението .