ПЦЕР: Велјановски денеска да закаже седница и да ги одложи изборите

0
1441

Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР бара од спикерот, Трајко Вељаноски денеска да закаже седница на Собранието за да ги одложи изборите, а претседателот Ѓорѓе Иванов да ја повлече аболицијата.

„Третата, најважна работа е дали граѓанскиот сектор и коалициските партии ќе се согласат лидерот на опозицијата Зоран Заев да оди на преговори. Без одложување на изборите, сметаме дека не би требало Заев да оди на преговори“ – велат од ПЦЕР.

На потег до петок е Вељаноски, додаваат од партијата.