ПУСТО МАКЕДОНЧЕ НЕМА СРЕЌА – ДЕНЕС НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ КОН ГРЦИЈА ГОЛЕМ БРОЈ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ОСТАНАА ЗАГЛАВЕНИ БИДЕЈЌИ ГРАНИЦАТА ОСТАНА ЗАТВОРЕНА

0
1159

Сите кои тргнаа на патување во соседна Грција, од утрово се заглавени на граница. Иако беше најавено дека граничниот премин „Евзони“ ќе биде отворен, сепак грчката полиција не ги пропушта возилата и граѓаните. Колона од десетици возила е пред границата, но и во меѓузоната. Од Министерството за внатрешни работи велат дека тие се должни да ги пропуштат возилата кон Грција, бидејќи добиле известување од македонското Министерство за надворешни работи.

Проблемот со непропуштањето на возила и граѓани кон Грција е бидејќи тамошните власти не испратиле известување до граничната полиција, дека влезот во нивната земја преку овој граничен премин е дозволен од денеска.

Инаку, од денеска ќе треба да е отворен граничниот премин со Грција за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Kовид-19 или позитивен резултат за антитела. Потврда за ова вчера даде и премиерот Зоран Заев по средбата со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис во Атина.

Според здравствените протоколи што ги усвои земјата, објавени на веб-страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ (спутник).