ПУКНА ТИКВАТА СИ ЕБА МАЈКАТА И КАЈ ВМРОВЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА ИМ ЗБОКТИСА ОД ГРУЈО И ХОРХЕ : Вмровците во Австралија му свртија грб на режимот на Грујо и жестоко го запукаа

0
1411

Обидот да се аболициираат криминалците од актуелната власт што на сила го води претседателот Иванов лошо се одрази на партиските ешалони во партијата ВМРО-ДПМНЕ.

f1a5756636e5aaaa9e63ee727c781a61_L

Се повеќе членови на партијата ги напуштаат редовите и откажуваат послушност на Никола Груевски. Секојдневно се негодува и противречи на теснопартиското силување на партијата и на државата од страна на актуелната врхушка.

Посебно се забележува одлив на членството во т.н. задгранични комитети каде што напуштање на политиката на ВМРО-ДПМНЕ станува се помасовно. Стотици членови и јавно објавуваат на социјалните мрежи дека тие не се веќе ВМРО-ДПМНЕ.

– Бараме партијата да се врати на народот и да не се држи во заложништво од страна на десетина профитери кои со години наназад го гнасат името ВМРО. Посебно сме револтирани ние старите членови на партијата кои дел сме и основачи и кои гледаме како тоне идејата и идеологијата за која ја основавме партијата – вели Д.Б. основач на ВМРО-ДПМНЕ кој долги години живее во Австралија.

Во јавноста се коментира дека и оние најтврдокорните вмровци конечно се откажаа од Груевски и неговото водство. Депресија и тешко разочарување е евидентно во редовите на партијата кое од ден на ден ескалира до се поголем сепаратизам и фракционерство во партијата. Наскоро сето тоа можно е да добие и организациска форма можеби во вид на паралелна партија или приклучување кон некоја веќе постоечка.

– Конечно ние од дијаспората видовме како всушност работела власта на чело на Груевски. Тоа всушност била една криминална банда која ги продавала националните интереси за лична заработка. Срамота! – вели нашиот соговорник.

За сега нема одговор од власта ниту решение за овој внатрепартиски проблем кој од ден во ден станува се поголем.

Извор : РадиоИлинден