Пукна преродбеничкиот економски балон на прочуениот економиста Грујо – Гранит: Државата да плати за сработеното, долговите се трупаат!

0
1150

granit-logo1-540x239

Во ексклузивно интервју за „Економски магазин“ на Алсат-М, менаџментот на градежната компанија Гранит, обелоденува дека изминатите години  имаат проблем и не можат да си наплатат пари за сработената работа од општините и јавните претпријатија. Од компанијата бараат итно решавање на проблемот бидејќи тоа е проблем на целата држава.

„Од искуството што го има Гранит, може да кажам дека состојбата е проблематична. Постојат многу проблеми во наплатата на побарувањата што ги имаме од општините, јавните претпријатија и државните органи. Овој долг никогаш нема да се избрише, тој долг постојано ќе се зголемува, затоа што каматите течат и ќе порасне до значителни износи. Кое е размислувањето на овие органи, како ќе го надминат овој свој  долг?“,вели Виолета Божиновска, директор на правна служба во Гранит.

Како клучен проблем ја  посочуваат погрешната примена на одредбата од Законот за извршување, односно членот 211.