ПУКНА БРУКА : РАКОМЕТНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОТПАДНА ОД ЕП ВО РАКОМЕТ ПО ПОРАЗОТ ОД ЦРНА ГОРА

0
782

Македонската ракометна репрезентација го забележа и вториот пораз на ЕП, овој пат од селекцијата на Црна Гора со резултат 24:28.

Ракометарите предводени од легендарниот Кире Лазаров направија почетнички грешки, особено во второто полувреме, а Црногорците тоа знаеја да го казнат.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Мартин Велковски со шест гола од седум обиди, пред Цветан Кузманоски со пет гола, додека Филип Кузмановски и Мартин Серафимов стрелаа по три пати.

Кај Црногорците, Милош Вујовиќ и Божо Анѓелиќ имаа по шест реализации. Последниот натпревар на ЕП 2022, Македонија го игра на 17 јануари. Противник ќе биде селекцијата на Данска.