КВАЗИ ЛЕВИЧАРИТЕ ПРОПАДНАА ВО СОПСТВЕНИТЕ ГОМНА И ЛАГИ – „ЛЕВИЧАРИТЕ“ АПАСИЕВ И КРМОВ НЕ ГЛАСААТ ЗАКОНИ ЗА ПОДДРШКА НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ

0
737

Јавноста често ги гледа Апасиев и Крмов како се гласни, како се бунтовни на собраниската говорница, особено кога станува збор за прашања поврзани со евроинтеграциите и правата на малцинствата, но кога треба да се носат закони за економска поддршка за граѓаните, истите пратеници се некако тивки и речиси и воопшто да не се појавуваат на тие седници.

Само на вчерашната седница, Апасиев и Крмов не гласале и не дале поддршка на важни закони, меѓу кои се и Законот за детска заштита, Законот за социјална заштита со чии измени се зголемува надоместокот за посебен додаток за 15 отсто, се зголемува опфатот на услугата на лична асистенција на лица со попреченост, како и намалување на границата за добивање трае надоместок за родители кои се грижеле за дете лице со попреченост до неговата 26 годишна возраст.

Десетици илјади граѓани имаат директна полза од овие измени, но очигледно за Апасиев и Крмов тие не биле важни и не биле причина да дојдат на седница и да дадат поддршка на законските решенија. Оваа слика е честа во Собранието, пратениците од Левица досега немаа гласано или воопшто се немаат појавувано и на доста други седници каде се усвојувале закони кои носат придобивки за граѓаните, за земјоделците, за вработените во јавниот сектор. Ним, очигледно левичарската идеологија им останала само во името и логото.