Еве што им спремаат САД и ЕУ на Груевци!

0
11015

Кој е планот Б за кршење на режимот и конечно смена на власта како последица на регуларни избори и регуларна законска мнозинска собраниска коалиција?!

Мактел дознава дека ЕУ и САД имаат спремено многу едноставен план како да го скршат отпорот на мафијата во Скопје.

Дознаваме дека ЕУ, САД и НАТО ќе ја прогласеле моменталната влада во Скопје под водство на Емил Димитриев за нелигитимна.

Потоа ММФ, Светска Банка и останатите меѓународни финансиски институции ќе престанеле да издаваат кредити на Македонија, земјата тогаш ќе остане без пари, ќе снема пари за плати, пензии, гориво за школите и автобусите за ученици, гориво и пари за болниците, буквално целата земја ќе застане!

Никој нема да сака да им даде пари на Груевци затоа што владата ќе биде прогласена за незаконска, па државата нема да може да ги врати заемите земени од домашните банки па ќе рокнат и Комерцијална Банка, Стопанска Банка и НЛБ Тутунска Банка, по што ќе настане вистинска апокалиптична криза во земјава, народот ќе нема пари за храна да си купи, ќе настане општ хаос и целата нервоза ќе се сврти кон Иванов и ВМРО ДПМНЕ затоа што тие со инатот со недавањето на власта на новото парламентарно мнозинство ќе ја втурнат земјата во банкрот и гладната раја ќе тргне да ги линчува и господ нема да може да ги спаси!!!

Тогаш целата нервоза ќе се истури над Груевци кои ја презадолжија земјата и го направија дефицитот т.е буџетската дупка од 400 милиони евра па сега без кредити државата не може да подели пензии, плати, социјална помош, детски и инвалидски додаток! Народот со гладен стомак ќе ги гледа спомениците низ Скопје 2014 и од бес ќе ги корне тоа копјата и со нив ќе ги боде во газот Груевци!

Извор : Мактел.Мк