Професорот Вилиќ до Трајановски: Прекинете ја изградбата на Панорамското тркало, може да има нови жртви

0
1717

Професорот Небојша Вилиќ на својот Фејсбук профил му напиша порака на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски со предупредување дека ако не се запре со изградбата на Панорамско тркало, при големи дождови може да однесе нови жртви.

До Градоначалникот на Град Скопје

Почитуван Г. Трајановски,

запрете ја и прекинете ја изградбата на Панорамското тркало и тоа – ВЕДНАШ!

Ако ме прашате зошто, тогаш помислете само дека ова не е последниот пороен дожд или „водена бомба“ која може да го погоди Скопје и помислете само колку жртви би однело неговото обрушување заради упадот во коритото на непредвидливата р. Вардар. За тогаш пак да не биде доцна.

Со почит,

д-р Небојша Вилиќ, ред. проф. на УКИМ