Протуѓер и Латас си поигрувале со човечки судбини во Охрид

0
992

protoger-latas

Претседателот на ОО на СДСМ Охрид, Томислав Тунтев на прес конференцијата во Охрид рече објавуваат докази за злоупотребата на медиумите, за парцели во Охрид, за фабрикувани скандали пред локалните избори.

Тунтев објави разговори, како што вели меѓу Мартин Протуѓер и Драган Павловиќ Латас, уредникот на Сител, како и во Охрид власта си поигрува со човечки судбини, договараат на вестите да се оцрнат луѓе. Се креира скандал на директор на основно училиште, само затоа што е поставен од СДСМ.

Разговор помеѓу Мартин Протогер и Драган Павловиќ Латас

ДПЛ: Кај си бе директоре?

МП: Ало?

ДПЛ: Кај си директоре?

МП: Е извини, добро бе добро еве у Охрид нешто, слушај…

ДПЛ: А…

МП: Ќе ти даам ексклузивно, му јавив и на Горан…една фотографија шо на Сител ќе иде, на директор на школо во Охрид, на средно школ,о со средношколку у џакузи и со шампањ…

ДПЛ: Хахаха, па дај и во Вечер…

МП: У вечер да ја пукнеш на насловна

ДПЛ: На насловна да

МП: Близок пријател на Ацо Петревски, близок пријател на Ацо Петревски, еве ги вредностите на С…

ДПЛ: А он го поставил?

МП: Он го поставил, да…да

ДПЛ: Аоо…

МП: И невидено со шампањ, со ученички чоече малолетни пијат шампањ и овој директоров … значи ќе видиш у Банско е тоа… у Банско…

ДПЛ: Па и добро ги однел у странска држава, нема кривично дело…

МП: Хахаххаха

ДПЛ: Хахахах…добро му текнало

МП: Не ова е скандал, ние вечерва ќе му правиме протести чуда, чудо ќе биде…ова топ тема треба да го напраиме…

Разговор помеѓу Мартин Протогер и Драган Павловиќ Латас

МП: Види сеа што праиме…Денеска тоа утре поврзуваме тоа како начин и стил на владеење на ес де ес, знаеш?

ДПЛ: Види, таму е тоа рецимо битно да се формилира како лоша препорака за родителите кого го гласаат на овие избори…

МП: Да да да…

ДПЛ: Од тие родители еден ќе му ја учука на улица па што сака нека биде

МП: Да да даа… Не бе ја протести му праам на него, ќе видиш… лом ќе биде лом…