Денешниот протест од страна на ромите од прилепската населба ,,Тризла” каде предводник е Геге Демировски пред Општина Прилеп изјави дека градоначалникот Борче Јовчески им ветувал на ромите вработувања, подобрување на инфраструктурата како и решавање на проблемот со струјата бидејќи како што Демировски претходно изјави на улиците во ромската населба морало да светат со телефони за да гледаат во ноќта.
Демировски исто така најави радикализирање на протестот доколку не се исполнат барањата на ромите или поточно лично градоначалникот Борче Јовчески и општината да им излеат во пресрет на нивните барања за решавање на проблемите.