Пропадна договорот, во петок странците ќе дадат предлог!

0
936

018551004_303001-540x304

Со неуспех во четири часот утрово завршија разговорите во Работната група за реформи во изборниот пакет. Иако синоќа и кај европскиот олеснувач постоеше оптимизам дека до утрово ќе биде постигнат договор, тоа не се случи.

Според извори од Работната група, има повеќе причини за ваквиот епилог: имало многу предомислувања за решенија кои претходно биле договорени, а потоа учесниците ја повлекувале поддршката за нив со став дека првично не ги разбрале добро или соодветно, и слични образложенија. Одолговлекувања во договарањето, несериозен однос кон дел од темите, исто така во голема мера ги одбележале ноќешните разговори. Од работната група не соопштуваат детали за кои прашања постоеле најмногу спротивставени ставови.

Блиску, но сепак далеку од договор

Поради ваквиот тек, а со цел да се излезе од ќорсокакот, во петок Работната група на маса ќе добие готов предлог за изборниот законик подготвен од странците. Дојче веле дознава дека во дипломатските кругови владее разочараност од бавното и неефикасно договарање околу приоритетите предвидени со Договорот од 2 јуни.

Само до вчера, беше навестувано дека четворката е пред решние, според кое наводно е договорено дека дијаспората нема да избира свои претставници на изборите во април. ДУИ и ДПА сметаа дека дијаспората не треба да гласа, ВМРО-ДПМНЕ беше за, а СДСМ бараше да се обезбедат механизми пратениците од дијаспората да бидат избрани со минимум 80 отсто гласови од просекот гласови што во Македонија ги добива еден пратеник. Беше постгната согласност пречистувањето на избирачкиот список да се врши делумно на терен и делумно со споредба на податоците на различните институции, а Државната изборна комисија да има поголеми надлежности – право да поднесува прекршочни пријави и директно да врши увид во изборниот материјал, а по жалбите и натаму да одлучува Управниот суд, но на јавни седници.

Целиот текс на Радио Дојче Веле прочитајте го ОВДЕ.