ПРОПАГАНДАТА НА КАМЧЕВ СЕ ИЗДИШУВА КАКО ПРОБУШЕН КУРТОН : „Утрински“ пред штрајк, избрканите од „Вест“ упаднаа во канцеларијата на Срѓан Керим!

0
1441

Новинарите на „Утрински весник“ се заканија со штрајк откако вчера од раководството на издавачот МПМ на главната уредничка и бил даден ултиматум или да избрка 10 новинари или весникот ќе се затвори. Тие денеска во Здружението на новинарите ќе одржат прес- конференција на која ќе ги најават следните активности, јави СДК.мк.

Во исто време десетина новинари на „Вест“ кои беа избркани летово, утринава ја окупираа канцеларијата на еден од сопствениците на весникот Срѓан Керим барајќи си ги отпремнините што компанијата се обврза дека ќе им ги исплати кога ги избрка од работа поради технолошки вишок.

Порталот пишува дека тие се сомневаат дека газдите ќе ги изиграат откако вчера на состанок на Синдикатот со менаџментот им било речено дека сите новинари од МПМ ќе се префрлат на платен список на „Телеграф“ кој е со нејасна сопственичка структура.