Продолжува судењето за „27 април“, најавено сведочење на 15 пратеници

0
714

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието треба да продолжи денеска со сослушување сведоци предложени од одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, откако претходното рочиште одржано на 26 август заврши со презентирање на материјалните докази.

Во судницата денеска се очекува да бидат сослушани 15 пратеници, меѓу кои Трајчо Димков, Иван Стоилковиќ, Љупчо Димковски, Љиљана Кузмановска, Драган Данев, Панче Минов, Благоја Деспотовски и други.

На предлог на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, на последното рочиште на 26 август беше презентиран видеозапис од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април 2017 година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.