ПРИ ПРЕТРЕС ВО БИТОЛА ПРОНАЈДЕНИ ПРЕДМЕТИ, ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ, РАСЧИСТЕНИ ДВЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА

0
354

Денеска (08.02.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола го лишиле од слобода Д.О.(37) од Битола. Тој се сомничи дека на подрачјето на Битола извршил две тешки кражби, при што одзел повеќе предмети.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Одземените предмети биле вратени на сопствениците, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.