ПРИТВОР ЗА ЛИЦЕ КОЕ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНАТА МРЕЖА ФЕЈСБУК МУ СЕ ЗАКАНУВАЛО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ МИТКО ЈАНЧЕВ

0
550

Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет и поведе постапка против едно лице за кривично дело „Загрозување на сигурноста”.
Лицето, како што информира Jавното обвинителство, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук, упатило закана кон актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев дека „нема да умре од болест или старост”.

Осомниченото лице претходно е осудувано за повеќе кривични дела за закани кон градоначалникот и неговото семејство.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка му определи мерка куќен притвор во траење од осум дена на осомничениот.​