Прилепската ликовна колонија продолжува со работа

0
1707
По неколкугодишен прекин поради недостиг на финансии, Прилепската ликовна колонија, најстарата на Балканот основана во далечната 1957 година, повторно продолжува со работа.
Screenshot_6
Синоќа е отворен реновираниот Центар за современа ликовна уметност во Прилеп, кој што со самофинансирање ќе ги продолжи традициите и ќе овозможи творечка работа ова лето на уменици од Македонија и странство.
Покрај Интернационално ликовно, во центарот продолжуваат со работа и студијата во мермер, метал, скулптура во дрво, но од годинава и Интернационално студио за уметничка фотографија.
Центарот за современа ликовна уметност постои 58 години. Основан е од покојниот втемелувач на културата и уметноста во овој регион, проф. д-р Бошко Бабиќ. Во депото на Центарот се наоѓаат преку 1000 дела од исто толку уметници од сите страни на светот.


LIKOVNA KOLONIJA PRILEP 05 07 by 24vesti

Извор : 24Вести