Приказната за Мирка Велиновска – Вечната пушачка на сите премиери и претседатели од комунизмот па се до денеска!

0
6932

mirka-500

Мирка Велиновска беше истото што и денеска – ГЛАСНА ЖЕСТОКА ПУШАЧКА НА РЕЖИМОТ и во комунизмот и во раните деведесети со мала пауза во првата декада на 21 век кога влезе во некој националистички филм. Во комунизмот го бранеше Тито па Слобо па потоа одработуваше за Киро и за Бране и тоа прилично жестоко, потоа за Љубе и Љубчо и единствено кога била против некоја власт тоа беше во времето на Бучко. Потоа таа почна да си одработува за Грујо и да плука по СДСМ кој таа го бранеше повеќе од 15 години кога во исто време го газеше ДПМНЕ со се што можеше. Но ајде да одиме по ред.

Таа прв пат се вработува како новинар во МТВ и за сторена грешка добила отказ и се вработува во НИП Нова Македонија. Со доагање на СДСМ на власт станува главна дворска советничка, успева да му се вовлече на тогаш младиот БЦ и практично го команда во одлуките пред се кадровски решенија. ВМРО ДПМНЕ и е главна тема на напади.

Feljton5-1994-111-mirka-velinovska

Кога се отвара неделникот ПУЛС на гигантот НИП Нова Македонија, Мирка е префрлена таму и му е десна рака на директорот Панде Колемиссевски ццовек близок на владата на Црвенковски и на председателот Глигоров. Во аферата секс скандал на Киро Глигоров, Мирка ги презема работите во свои раце – ги седнува Киро и Нада пред камера и ги снима како глумат срекни сопружници. Таа лента со посредство на Мирка во договор со БЦ им се дава на телевизиите за да се покрие секс скандалот кој за тогашниот неделник ДЕНЕС го откри лично сопругата на Глигоров. Киро тогаш имаше афера со актерката Кате Коцевска која деновиве се појави на насловна на магазинот Теа Модерна:

teaModerna75101_751

Мирка во време на владеењето на СДСМ е една од највлијателните фигури, дадена и е моќ дури и министри да поставува! Извесен период на нејзино барање заради студии на нејзиниот син заминува во Лондон, владата на БЦ го плаќа тоа, НИП Нова Македонија ја плаќа за дописник од Лондон а Фрчковски како министер за полиција и донира факс за да праќа материјали од Лондон. Мирка таму издржува нецела година. Се врака назад оти и треба моќта што ја има во Скопје и привилегијата да мешетари во државниот врв.

mirka-velinovska-1[1]

Министерот за транспорт Јорго Шундовски од владата на БЦ и овозможува промена на ДУП-от односно маркица за куќата на татко и на местото на сегашната зграда во која сега е сместен кафичот Кала на Амнинта Трети екс Ленинова за да може да се изгради на тоа место голема зграда со седум спрата во кои таа сега има повеќе станови и деловен простор. Зградата ја градеше Орце Камчев.

Kala-004-6c16c3db65ba77a735_original

 

Владата на Георгиевски одбегнува контакти со неа а таа преку неделникот СТАРТ на Љупчо Палевски ги пласира дезинформациите дека е шизофреник со досие во Бардовци, дека еднаш неделно го демолира премиерскиот кабинет и слични глупости. Односите со ВМРО ДПМНЕ ги затоплува преку Љубе Бошковски во време на војната во 2001-ва кога влегува во тежол националистички и анти албански и анти западен филм! Тој е министер за полиција а Мирка станува лавица и блиска пријателка со сега притворениот генерал Стојков. Таа го носи по коктели и го поврзува со високата политика, тој и возвраќа со…

Во времето на власта на СДСМ од 2002-ра до 2006-та заминува во неделникоѕ Фокус каде што се прослави со портретите на нејзините блиски пријатели од власта и бизнисот пишувајки разни невкусни пикантерии за нив. Меѓу нив се Хари Костов, Ленче Софрониевска, Штерјо Наков, Љубомир Фрчковски, Петар Гошев, Бранко Црвенковски, Љупчо Палевски, Љубчо и Снежана Георгиевски, фамилија Камчеви. Со доаѓањето на Груевски на власт се обидува да се зближи со него и вредно одработува. Инаку и Мирка и Груевски имаат корени од Егејска Македонија, потомци се на деца бегалци од таму и тоа ги поврзува емоционално.

Малкумина знаат дека Мирка била мажена со нашиот легендарен актер, Мирче Доневски.

zagina-mirche-donevski-direktor-na-agencijata-za-iselenishtvo-143370

Сега е ептен блиска со мајката на Орце Камчев. Тие ја изградија зградата кај што е кафичот Кала во која Мирка доби три стана и деловен простор кој го изнајмува на ресторанот Кала.

Нејзиниот сопруг Мирче Доневски беше актер но загина на службен пат како заменик министер за култура на пат во Германија. Мирка е разведена од Мирче одамна кога нивниот син Влатко бил мал. Мирче беше член на демократската партија на Петар Гошев. Сега нивниот син во оваа влада на Груевски прво го вработила во секторот за евроинтеграции ама бидејки не му било интересно преку Паско Кузман кога тој беше директор за заштита на државните споменици го префрла таму да работи како негов асистент каде што сеуште работи.

kiro-300x169

Што им е заедничко на сите на сликава? Мирка на сите им го има испушено. Фигуративно.