ПРИВЕДЕНИ ЧЕТВОРИЦА РАЗБОЈНИЦИ ВО КУМАНОВО

0
321

На 26.02.2023 во 03.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода И.С.(20), С.С.(20), Н.К.(21) и М.К.(19), сите од Куманово.

Тие се сомничат дека околу 01.30 часот на улица „Моша Пијаде“ физички ја нападнале С.Т.(72) од Куманово и ѝ одзеле чанта.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.