ПРИВЕДЕНИ ЧЕТВОРИЦА ЛОВОКРАДЦИ ВО НАЦИОНАЛЕН ПАРК ,,ШАР ПЛАНИНА“

0
342

На 12.12.2022 во 09.30 часот во Национален парк „Шар Планина“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача ги лишиле од слобода А.Н.(59) од с.Градец, гостиварско, Д.А.(55), Г.Б.(36) и Д.Р.(18), тројцата од Италија, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „незаконит лов“ казниво по член 228 од Кривичниот законик.
При извршен преглед, кај Д.А. била пронајдена ловечка пушка „Бернардели “ и 20 патрони муниција, а кај Г.Б. била пронајдена ловечка пушка „Бетинсоли“ и 21 патрони муниција, за кои не поседувале документи. Лицата биле предадени на полициски службеници во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.