Пржино ќе не пржи!?

0
1007

Сите диктатури функционирале со помош на силна пропагандна машинерија.
Диктаторот на Зимбабве Мугабе во медиумите се прикажувал како “многу чесен човек“, а истиот присвоил неколку милјарди долари.

mersel-bilali
Узбекистанскиот диктатор Ислам Каримов, кого медиумите го прикажувале како “човек од народот“, присвоил астрономска сума пари, па воопшто не му било проблем на ќерката да и купи куќа во Беверли Хилс во вредност од 58 милиони долари.
Габонскиот диктатор Али Бонго Ондимба, кој дури се сликал додека наводно работел и физички, оти имал “работничка душа“, присвоил преку милјарда долари, така што ситница било во елитниот дел на Париз да купи куќа со астрономска вредност од 158 милиони долари.
Башар Ел Асад, кого медиумите го опишувале како “човек што дише со народот“, и дека “се молел“ секој ден на Алах за доброто на својот народ, зграпчил дури повеќе од половината од севкупното сириско богатство (само во Русија и Хонгког има над 1,5 милјади долари). Сега и по 300 илјади жртви, пак не ја дава власта.

Сите тие се служеле со сатанизирање на нивните противници, со прогласување на странски шпиуни, за предавници во служба на мрачни сили итн. Скоро ниеден од нив не паднал по демократски пат.
По нивното паѓање или умирање, луѓето корнеле коси, се удирале со главата во ѕид за тоа кому толку многу му верувале!
Во Кореја, суровата пропаганда отиде до таму што кога починал претходниот лидер Ким Јонг-ил (синот на Ким Ил-сунг), корејските медиуми известувале дека небото над регионот Паект станало сосема црвено, а мразот кај езерото Чон пукнал и одекнувал толку силно што се чуло и на небо и на земја. А земјата во економски пустош, глад и општ терор.

Но медиумите имаат магична моќ. Кога говорат таквите медиуми разумот молчи. Тоа ги тераат луѓето да живеат спротивно од вистината.

А кај нас, покрај бројните медиуми во служба на организираниот криминал, сепак бројни утописти во комодитет очекуваат дека нашата криминална власт демократски ќе си замине! А не ги гледаат медиумите кои цело време не убедуваат дека имаме најдобро и најчесно водство. Дека тие живеат “скромно“ во обични станчиња или одгледуваат овци и немаат причина да се борат за власт, туку се жртвуваат за наше добро. Така за наше добро испрале над пет милјарди евра. За наше добро потрошиле околу 700 милиони евра за “Скопје 2014“. Тука веќе стана подобро да си мртов споменик отколку жив човек!

Целата колумна може да ја прочитате на следниот линк ОВДЕ