Претседателот на УО на МАТТО, Ајдован Адемоски оствари средба co Претседателот на Р. Турција, Реџеп Таjип Ердоган

0
941

На средбата се разговараше за зголемување на обемот на трговската размена помеѓу Р.Турција и Р.Северна Македонија и беа изразени можностите кои им се нудат на турските инвеститори.

Тргнувајќи од фактот на конвертибилноста на турската лира во Македонија беа вреднувани чекорите кои треба да се превземат во насока на зголемувањето на турските инвестиции во Македонија на 3 милијарди еврa и обостраниот трговски обем на над 1 милијарда евро и се истакна дека со потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во НАТО ќе даде значаен придонес пред се на стабилноста на Северна Македонија и регионот, како и на зголемувањето на инвестициите и обостраната трговска размена меѓу земјите од регионот.