Thursday, May 8, 2025
25.8 C
Skopje

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛЕВИЦА, ДИМИТАР АПАСИЕВ СО ГОВОР ВО ПАРКОТ НА ПОБЕДАТА ВО МОСКВА

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со членот на Президиумот на Партијата, Александар Симонов, се во официјална посета на Руската Федерација по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот.

Денес, во рамки на одбележувањето на јубилејните 80 години од победата над фашизмот, Апасиев одржа говор во Паркот на победата во Москва, каде што истакна дека Левица се бори против историскиот ревизионизам и ги брани вредностите на антифашистичката борба:„Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз против заедничкиот непријател. Во борбата против фашизмот бевме обединети и таа солидарност е основа на нашата историска поврзаност, која сме должни да ја зачуваме.

Во контекст на современата меѓународна нестабилност, особено е важно да се зачува историската вистина и да се спротивставиме на обидите за историски ревизионизам. Победата од 1945 година е победа на антифашизмот и победа на човештвото. Наша должност е да ја пренесеме оваа вистина на идните генерации, да го зајакнеме мирот заснован на почит, еднаквост и солидарност меѓу народите” – потенцираше Апасиев во својот говор.

Во рамките на посетата, претседателот на Левица Апасиев и Симонов ќе остварат средба со пратеници на КПРФ во Државната дума на Руската Федерација.
Посетата ќе трае до сабота, а утре ќе присуствуваат на главната Воена парада во Москва, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

РОБЕРТ ПРЕВОСТ ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТ КАКО ПАПА ЛЕО XIV

Американскиот кардинал Роберт Превост денеска беше избран за нов...

БЕЛ ЧАД ВО ВАТИКАН, ИЗБРАН Е НОВ ПАПА

Бел чад се појави од оџакот на Систинската капела,...

ПРЕНЏОВ: ДУИ Е ПАРТИЈА БАЗИРАНА НА ШИРЕЊЕ НЕТРПЕЛИВОСТ, ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ

На денешната седница на Комисијата за политички систем и...

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЗНАМ, БЕНДЕВСКА НА СРЕДБА СО ЧЛЕНОВИТЕ И СИМПАТИЗЕРИТЕ ВО КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО

Потпреседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ