ПРЕТЕПАНИОТ ПЕНДИКОВ ИЗЛЕЗЕ ОД ИНТЕНЗИВНА НЕГА – ОПЕРИРАН Е, НО СЕ УШТЕ Е ВО БОЛНИЦА

0
433

Пендиков е пренесен на Одделот за орална хирургија, објави БТА повикувајќи се на соопштение од Воено-медицинската академија во Софија.
Состојбата на претепаниот Бугарин во Охрид се подобрува. Христијан Пендиков е изваден од интензивна нега и пренесен на Одделот за орална хирургија, објави БТА повикувајќи се на соопштение од Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија. Пендиков во понеделникот беше опериран на Одделението за орална хирургија.

Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ беше претепан во вечерните часови на 19 јануари во Охрид, по што беше примен на лекување во Општата болница во Охрид од каде следниот ден беше испратен во бугарски владин авион на лекување во Софија. Во софиската болница него го посетија двајцата министри за надворешни работи Бујар Османи и Николај Милков.