ПРЕСТАВНИЦИ ОД ЗУВО НА РМ 2001/2002 ПОЛОЖИ СВЕЖО ЦВЕЌЕ НА СПОМЕНИКОТ НА КАРПАЛАК ВО ПРИЛЕП ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ

0
682

Претставници од здружението на учениците во воените дејствија одбрана на суверенитетот на Република Македонија ЗУВО НА РМ 2001/2002 од Прилеп заедно со семејствата на загинатите и од други здруженија денеска положија цвеќиња на спомен обележјето Карпалак во центарот на Прилеп, при тоа одбележувајќи 21 година од загинувањето на 10 прилепски бранители, од резервниот состав на АРМ.

Почит им беше оддадена на Сашо Китаноски, Горан Миноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Велјаноски, кои загинаа на осми август 2001 година во заседа кај Карпалак.