ПРЕМИЕРСКАТА ОСТАВКА НА ЗАЕВ ЗАВИСИ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО АЛТЕРНАТИВА И БУГАРИЈА

0
879

Премиерот Заев без конкретен одговор дали во овој момент ќе се повлече од премиерската функција или пак ќе го послуша барањето на неговиот коалициски партнер ДУИ својот мандат да го заврши до 2024 година. Заев вели, се ќе зависи од преговорите со Алтернатива и со Бугарија.

-Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако тоа се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство, кога да се влезе во Парламентот со постапка за избор на Влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради кои Алтернатива би влегла во Влада е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почетокот на преговори со ЕУ, вели премиерот во изјава на телевизија Телма.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел Заев да остане на премиерската функција , да не се загрозат евроинтегративните процеси и државата да не влезе во нови проблеми.