ПРЕМИЕРОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЗОРАН ЗАЕВ УТРЕ ЌЕ ГО ПОСЕТИ ПРИЛЕП, ЗАЕДНО СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ, КОЧО АНЃУШЕВ И СУГАРЕСКИ ЌЕ ОСТВАРАТ СРЕДБИ СО СТОПАНСТВЕНИЦИ ОД ПЕЛАГОНИЈА

0
1158

Утре, 30.3.2019 (сабота) со почеток во 09:45 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ќе се сретнат со стопанствениците од Пелагонискиот регион, односно со членките од Регионалната комора со седиште во Прилеп и Регионалната комора со седиште во Битола.

На оваа средба ќе и претходи куса средба со градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски. Изјавите за медиуми се предвидени во 10:55 часот во холот пред општинската сала во Прилеп.

Веднаш после изјавите за медиуми, делегацијата ќе се упати да изврши увид на изградбата на гасоводната траса Штип-Неготино/Кавадарци-Прилеп-Битола во месноста Беловодица. Увидот завршува со изјави за медиуми кои се предвидени во 12:00 часот на самата траса во месноста Беловодица.