ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ГО ПРЕЧЕКА ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕЗ СО НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ ПОЧЕСТИ, НА ПРВАТА ПОСЕТА НА ШПАНИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
461

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со највисоки државни почести го пречека премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, кој денеска пристигна во прва официјална посета на Република Северна Македонија.

Со интонирањето на државните химни на Шпанија и на Северна Македонија започна официјалната церемонија за пречек на високите гости на платото пред Владата на Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски во придружба на владината делегација во состав со првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, му посака срдечно добредојде на неговиот колега од Кралството Шпанија и на членовите на шпанската владина делегација.

Во рамки на официјалната посета премиерот Ковачевски и премиерот Санчез ќе остварат тет-а-тет средба, по што двете делегации ќе имаат и билатерален состанок.