Премиерот Заев на работен појадок со Сојузот на стопански комори: Постигнатиот раст на БДП е генериран благодарение на реалната економија, а не на инвестиции во споменици и тоа гарантира одржливост на долг рок

0
930

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик на претседателот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, денеска учествуваше на работен појадок со Сојузот на стопански комори.

На покана на претседателката на Сојузот на стопански комори, г-ѓа Данела Арсовска, која им посака добредојде на присутните, премиерот Зоран Заев имаше свое поздравно обраќање, при што се заблагодари на поканата и на здравата можност, како што рече, да јавната администрација соработува со деловната заедница и користи вакви можности.