(ВИДЕО) Премиерот Заев на промовирањето на мобилната лабораторија за испитување на хемиски вредности и физички константи на јаглеводороди во нафтените деривати

0
990

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев даде изјава за медиумите за време на промоцијата на мобилната лабораторија за испитување на хемиски вредности и физички константи на јаглеводороди во нафтените деривати и на 13-те возила за борба против сивата економија.

Покрај премиерот Заев, изјава дадоа и министерот за економија, Крешник Бектеши, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски и директорката на Бирото за метрологија, Мерита Мустафаи кои ја истакнаа важноста на оваа набавка во борбата против сивата економија и овозможување граѓаните да ја добиваат секогаш најквалитетната услуга а на институциите им се овозможува непречена работа со тоа што од сега ваквиот вид на испитувања ќе ги вршат во Северна Македонија а не надвор од земјата.

Во продолжение на ова соопштение Ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Заев: