ПРЕМИЕРОТ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ ДЕНЕС ГО ПРЕЧЕКА БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР КИРИЛ ПЕТКОВ КОЈ Е ВО ОФИЦИЈАЛНА И ПРВА ПОСЕТА НА НАШАТА

0
507

Со државна церемонија пред платото на Владата, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, го пречека премиерот на Република Бугарија Кирил Петков кој пристигна во еднодневна официјалната посета на нашата земја.

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков ќе одржат тет-а-тет средба, на која се очекува да се дискутира за важноста од континуираната соработка меѓу двете земји и за новата поинтензивна динамика на контактите и на дијалогот којшто е од огромна важност за односите меѓу двете земји.