ПРЕМИЕРОТ ГИ СТАПИСА ВМРОВЦИТЕ : ЗАЕВ ПОБАРА ОД СОБРАНИЕТО ДА ГЛАСА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА

0
2686

Премиерот Зоран Заев попладнево побара од пратенциите да се изјаснат за доверба на Владата.

Заев кажа дека според Уставот и собранискиот деловник, премиерот има право усно да побара гласање доверба на Владата.

Деловникот предвидува во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на Владата усно на седницата на Собранието, Собранието гласа за доверба на Владата на истата седница, без расправа. Претседателот на Владата и пред гласањето има право да му се обрати на Собранието.

Ако на Владата ѝ е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.

Заев рече дека треба некои работи да расчистат и да го покажат на дело тоа мнозинство. Премиерот бара да се види дали има стабилна власта или не.

„Ова е моментот кога треба да видиме колку може да ѝ се верува на опозицијата која постојано тврди дека ќе ја урне Владата и ќе формира нови мнозинство. Со лажни вести и блокади се создава политичка несигурност. Нема да го дозволам тоа, изјави Заев.