Премиерката на Србија, Брнабиќ отворено и јавно му се заканува на Заев во интервју за Сител: Да не ти текне на памет да си гласал за влез на Косово во Унеско, да бидеме на јасно!

0
3475

Вакво нешто до сега не сме виделе, странски премиер да упатува јавни закани преку телевизиско интервју до македонски премиер…

Брнабиќ во интервју за Сител му се заканува на Заев да не му текнало на памет да гласа за влез на Косово на Унеско, тоа драстично ќе ги нарушело односите со Србија…

– Му кажав лично на Заев во Драч еве и тука потврдувам за вашата телевизија, ако Македонија гласа за влез на Косово во УНЕСКО, тоа драстично ќе ги влоши односите со Србија. Ние тоа јавно го кажуваме. – изјави Брнабиќ.

Ова е навистина нешто многу комично, Македонија си има свои интереси врз основа на фактот што во неа живеат пола милион Албанци и околу 50 илјади Срби, и едното е поголемо од другото и реалноста е таа, ќе гласаме како ќе е добро за тие 500 илјади Албанци инаку ќе си направиме беља, а Србија нема што со нас да се замара, Македонија не одлучува за Косово, ние сме толку ситни и небитни што ова повеќе му доаѓа по онаа народната, не може по коњот па удри по самарот…

Србија го изгуби Косово во времето кога Дачиќ и Вучиќ беа буреконосачи на Слобо и Шешељ и кога се закануваа дека ќе кољаат се на балканот и ќе прават голема Србија, светот чекаше да видат што ќе направат во Босна и по колежите во Вуковар и потоа во Сребреница веќе на Србите не можеше да им се дозволи да прават трета кланица попут оние во Хрватска и Босна, и тоа е тоа, нема тука што многу да се филозофира…

Како казна за тие колежи Србија ги изгуби Краина во Хрватска од каде беа избркани 250 илјади Срби, го изгуби пола Сараево каде живееја сто илјади Срби кои беа исто избркани и го изгуби Косово каде живееја исто така околу 250 илјади Срби кои сега се дојдени до околу 100 илјади и живеат во енклавите околу Косовска Митровица…

Сега останува само да не ги изгубат уште и Санџак и Војводина.