Thursday, May 8, 2025
11.8 C
Skopje

ПРЕКУ ВИСТИНСКА ГОЛЕАДА ВО МИЛАНО ИНТЕР ЈА СОВЛАДА БАРСЕЛОНА И СЕ ПЛАСИРА ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Интер е првиот финалист во Лигата на Шампионите откако „нероаѕурите“ во спектакуларен меч славеа со 4-3 над Барселона, и тоа по продолженија од два пати по 15 минути. Италијанскиот првак се спаси со гол во 93. минута преку Ачерби, а потоа во дополнителните 30 минути преку Фратези стигна до големата победа со која обезбеди ново европско финале.

Каталонците имаат за што да жалат ако се земе во предвид неверојатното второ полувреме во кое негативата од 2-0 ја претворија во предност од 2-3, но падот на концентрацијата во финишот скапо ги чинеше избраниците на Ханси Флик.

Првото полувреме мина токму онака како што посакуваше домашниот тим, оставајќи им ја топката на гостите, но и максимално користејќи го просторот што каталонците вообичаено го оставаат во сопствената половина. По една украдена топка на противничката половина Интер поведе преку Лаутаро Мартинез, на асистенција на Дамфрис, а пред самиот крај на полувремето веќе беше 2-0, со пеналот на Хакан Чалханоглу покажан по сугестија од ВАР-собата по стартот на Кубарси над Мартинез.

Многу екипи ќе „потонеа“ по вакво полувреме, но Барса успеа да се врати и за само петнаесетина минути во вториот дел израмни на 2-2. Левиот бек Мартин беше клучен играч со две асистенции, првиот погодок го постигна Ерик Гарсија, а вториот Дани Олмо.

Барса тргна и по трет гол, а кога се чинеше дека темпото опаѓа каталонците сепак успеаја во големата желба, Рафиња беше стрелец за тотална еуфорија меѓу гостинските фудбалери и навивачи. Очекувано, Интер тргна на се или ништо во самиот финиш, а таквиот пристап вроди со плод во 93. минута, кога Ачерби одлично се снајде во шеснаесетникот и во манир на голем стрелец ја смести топката во мрежата.

Ова не беше и крај на возбудувањата, Јамал во 96. минута се најде во одлична позиција, но шутираше директно во Зомер.

Шокот од примениот гол во финишот остави длабока трага врз играта на Барса, па каталонците се мачеа да продолжат со иницијативата со која го направија големиот пресврт во второто полувреме. Интер знаеше како да го искористи тоа постигнувајќи и четврти гол, Фратези беше стрелец по одличната акција и асистенција на Турам.

Ламин Јамал ја имаше најубавата шанса за израмнува во второто продолжение, но Зомер со неверојатна интервенција спречи ново израмнување, трасирајќи го патот на Интер до ова ново европско финале.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ФИЛИПЧЕ: ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ЗНАМ ЗАВРШИ КАКО ПРИВАТЕН БИЗНИС-ПРОЕКТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбата со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ