Предраг Петровиќ: Наградно прашање до НетПрес: Кој купи нов џип, стан во Дебар Маало и го вработи братот во Водовод?

0
1907

НетПрес продолжува со хајката и непрофесионализмот, извртувајќи полувистини и пласирајќи произволни приказни со цел да оцрнат секого што не е под контрола на власта.

Порталот користи податоци од државни институции, кои ги извртува и ги става во контекст според кој прикажува како сите новинари во критичките медиуми одработуваат нарачани стории, по моделот кој веројатно е познат само за тие што пишуваат. НетПрес и мене ме нарекува дел од “Платеничката Шарена Револуција“ затоа што од Центарот за развој на медиуми сум земал хонорар од “цели 7290 денари“ кои се уредно пријавени во УЈП.

Парите се за 2014 година, а според НетПрес се искористени за одбрана и промоција на Шарената Револуција во 2016 година, што значи дека според порталот, за да биде глупоста поголема, авансно сме биле платени две години порано. ­

Од Центарот за развој на медиуми земал пари и новинарот и сопственик на сајтот А1 он, Предраг Петровиќ, кој освен поддршката за сајтот земал и додатни 7.290 денари, го пренесува“ страшното“ откритите порталот, кој исто беше поканет за истата сума да се ангажира околу изготвувањето на правилата на однесување на интернет медиумите, но секако од разбирливи причини, не го прифати.

Цеиот текст на уредникот на А1он, Предраг Петровиќ може да го прочитате ОВДЕ