Преговорите за изборните измени ќе заглават до рано наутро!

0
1130

van-hojte-zensko-lobi

Медијаторот на ЕК Питер Ванхауте,  пред почетокот на работната група порача дека очекува договор за новите изборни правила, да бидат договорени доцна вечерва или рано наутро.

Ванхауте не сакаше да коментира околку законскоторешени што се очекува да им биде денеска доставено на претставниците на партиите по предлог на Брисел.
Медијаторот најави дека на средбата ќе очекува да се приклучат и лидерите на партиите.
Дека е поканет од мисијата на ЕУ во Скопје изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Работната група денеска треба да ги затвори најважните прашања како пречистување на избирачкиот список, гласањето на дијаспората и финансирањето на предизборните кампањи.
Ванхауте го пречекаа претставничките на женското лоби, кои му доставија документи со кои бараат зголемување на жените во политиката како задолжително.
ФОТО: Мета