ПРВ ПОСЕРИОЗЕН ГАФ НА РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА, СЕ НАДЕВАМЕ И ПОСЛЕДЕН: Во министерство за одбрана ангажирана куртонката Соња Крамарска која куртонски го уредуваше весникот за време на режимот според потребите на ВМРО-ДПМНЕ, Грујче и Протуѓер!

0
2126

Поранешната уредничка на „Утрински весник“, Соња Крамарска, е хонорарно ангажирана во Министерството за одбрана, потврдија од таму за „Фокус“.

Како што велат од Министерството, Крамарска е ангажирана со Договор на дело, а со цел зголемување на капацитетите на Министерството во делот на односите со јавноста.

Фокус.мк побарале нејзина изјава и таа дрско го упатила да бараат информации од министерството, иако таа работи во министерството и е задолжена за комуникации со јавноста?!?!

Инаку Крамарска за време на своето шефување во Утрински Весник не напиша ниту една колумна со критика против режимот, насловните страници на весникот беа по желба на центарот за комуникации и пропаганда на ВМРО ДПМНЕ а убедливо најсмешно беше нејзиното интервју со тогашната министерка за внатрешни неколку месеци по затворањето на А1 телевизија, апсењето на Љубе Бошковски и случајот со убиството на Мартин Нешковски, и во интервјуто немаше ниту едно прашање за овие три големи инциденти, ниту пак имаше прашање за кршењето на предимството на невиност на осомничените од разните акции во кои се апсеа политички неистомисленици и ситни криминалци како да се терористи од Ал Каеда, значи со автомати, со маски и шлемови само за да се лови политички поени за режимот…

Крамарска беше толку лигаво створење што се плашеше да го вознемири режимот до таа мера што и конференциите на кои беше самата говорник, како сликата погоре по повод промоцијата на книгата ГОСПОД НЕ Е ГОЛЕМ на Хиченс, беше ставена во весникот во едно мало квадратче на крајот на весникот само да не се вознемири режимот дека некој промовирал атеистичка книга во Грујова Македонска Џамахирија!

Да биде комедијата поголема за ова нејзнино ангажирање, нејзиниот весник не ги објави ниту бомбите со кои СДСМ дојде на власт?!?!?! За весниците на МПМ, бомбите не беа вест достојна за нивните читатели?!?! Затоа што во бомбите ги имаше самите весници и нејзините газди како договориле цензура на весниците за слобода на Срѓан Ќерим по аферата со шишето со кеш на унгарска граница!

Што побогу ќе помогне куртонката крамарска на МО, да го куртонизира министерството?!?!

Ова е прв посериозен гаф на министерката Шеќеринска, значи не е проблем нечие политичко убедување, проблем е нечија непрофесионалност и немање на професионална етика, ако Карамарска била војник кој се појавувал на протести на Заедничка Македонија тоа е ок, но ако влегла да ја тепа Радмила и Заев тогаш прекршила етички норми, а новинарскиот ангажман на Карамарска е исто проблематичен како војниците кои беа да тепаат во собрание, таа ја прекрши новинарската етика како и сите новинари и уредници во куртонските медиуми во режимот на Грујо и не се достојни да бидат ангажирани во владините институции!!!

Ова потсетува на обидот на Кочо Анѓушев да го ангажира Љупчо Зиков во МЕПСО, што е исто така една невидена будалаштина, човекот имаше прилика да му постави тешки прашања на диктаторот во Миленко Шоу, но наместо тоа тој му ги лижеше тамо тестисите пред очите на цела јавност…